Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ако Албанците не сакаат компромис, тогаш нема да биде постигнато решение.

„Ќе ги продолжиме преговорите со Албанците, за да се обидеме да ги решиме нашите проблемите, без разлика што не им верувам. Но немаме избор“, рече тој во вонредното обраќање до нацијата во врска со косовското прашање и тешката демографска ситуација во Србија. Според државниот глава тоа се двете клучни прашања за развојот на земјата.

Според него разговорот и дијалогот се најважните за да се најде компромисно решение со Косоварите. „Ако не сакаат, нема да има решение на прашањето“, додаде тој. Вучиќ изјави дека следниот месец ќе излезе со проект на решение за косовското прашање.

Државниот главасподели податоци за намалување на наталитетот, нагласувајќи дека „ако Србија продолжи така, таа ќе исчезне како нација“. Вучиќ додаде дека од таа причина Владата усвоила мерки и план за нивно спроведување, за да се зголеми наталитетот. Некои од мерките ќе влезат во сила на 1 јули, а останатите ќе почнат да дејствуваат во почетокот на следната година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO