Донка Ставрева Ушлинова или Донка Комитката
21.12. 1880 – 27.06.1937
Родена во славното село Смилево (битолско).
Член на ВМОРО подоцна војник во бугарската армија и подофицер, учествувала во балканските и првата светска војна!
Донка се омажила млада на 15 годишна воздраст за Ставри Христов од село Лера (битолско). Додека мажот и бил на печалба започнал да ја следи и вознемирува локалниот чифлиг-сајбија Реџо Беј. Таа го убила со помошта на нејзината јатрва Сребра Апостолова и нејзиниот маж (исто членови на ВМОРО). По убиството преминале во илегала и се криеле во планините, каде што го нашле ресенскиот војвода Славејко Арсов кој ги облеков во четнички униформи и го примил во неговата чета.Подоцна по одмазда за убиениот бег властите и ја разрушиле куќата. За време на Илинденското востание учестувала во над 20 борби со аскерот кај ресенско, кај селата Лева Река, Златари, Смилево…

По востанието преку Србија пребегала во Бугарија во Варна каде што се нашла со својот сопруг. За време на балканските војни заедно со Ставри Ушлинов била доброволец во втората рота на осма Костурска дружина на Македоно-одринското ополчение. За време на војните учествувала во многу битки и била унапредена во заповедник добила и два медали за храброст од трет и четврт степен.

Во првата светска војна била доброволец во Вториот Пешадиски Македонски полк преименуван во 60-ти пешадиски полк на 11-та дивизија. Учествувала во Дојранската битка, битките кај Јаребична и Круша планина. Наградена била со орден за храброст втор степен и унапредена во подофицер. По војната била наградена со орден за храброст од прв степен заедно со нејзиниот сопруг лично од тогашниот министер на војната Генерал-полковник Никола Жеков, била предложена и за офицерски чин но крајот на војната го стопирал повишувањето.

По крајот на војната се вратила да живее во Варна заедно со нејзиниот сопруг, добиле еднократна парична помош од 10 000 лева, изградиле куќа во која во 1924 година им се родил синот Александар. Се до нејзината смрт била член на Варненското друштво на резервни офицери – Другарски Сојуз. Посмртно Македонскиот женски сојуз издал некролог:

„Почина Донка Војвода, револуционерна жена, хероина, несебичен и храбар борец за родните идеали …“

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO