Стивен Хокинг, кој се обиде да објасни некои од најкомплицираните прашања за животот почина на 76 години, соопшти Здружението за медиуми на Британија, повикувајќи се на претставник на неговото семејство. Истражувачкиот ум на Хокинг ги испитувал границите на човечкото разбирање и во Вселената и во подмолекуларниот свет на квантната теорија.

Неговата работа опфаќа од потеклото на самиот Универзум, преку изгледите за патување низ времето до мистеријата на црните дупки во Вселената.

Поголемиот дел од животот Хокинг го мина во инвалидска количка поради болест на нервниот систем што ја доби на 21 година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO