Ѕвездата на Барселона Лионел Меси откри на социјалните мрежи дека станал татко по трет пат откако неговата сопруга Антонела Рокуцо му роди трет син.

Претходно денеска аргентинскиот репрезентативец беше изваден од групата на каталонците за натпреварот во Малага од „лични причини“, а малку подоцна Меси самиот ја објави убавата вест. „Добро дојде, Чиро. Слава му на Бога, сè помина одлично. Тој и неговата мајка се во ред. Ние сме многу среќни „, пишува Меси во Инсаграм под слика на раката на мало бебе. За Аргентинецот, ова е трет син по Матео и Тиаго.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO