
Во Отоманската империја немало владеење на правото. Зборот на еден христијанин не се прифаќал за еднаков со зборот на еден муслиман. Но сепак, во поголемиот дел од времето, христијаните имале можност да ја зачуваат и пресоздаваат својата култура. Властите не наметнувале систем на имиња. Секој можел да се нарекува како што сака.
Мнозинството од населението во Македонија се идентификувало како бугари и го користеле бугарскиот систем на имиња. Повеќето од имињата се разбира биле христијански, од грчко или еврејско потекло: Петар, Павел, Иван, Георги, Христо, Јана, Марија, но имало и домородни: Крсте, Стојан, Богдан, Трпе, Камен, Љубомир, Ружа. Презимињата во бугарскиот систем на имиња завршуваат на ов / ев, (ова, ева) ако потекнуваат од името на таткото – Димитров, Иванов, Николова, на -ин ако потекнуваат од името на мајката – Ружин, Марин и на –ски/шки/чки ако доаѓаат од името на местото – Охридски, Вардарски, Македонски …
По Првата светска војна, кога кралска Југославија ја консолидира својата власт, сите презимиња насилно се променети на -иќ, а често се променети и посрбени некои лични имиња – Кирил станува Чирило, Павел станува Павле итн.
Во 1941 година, при доаѓањето на Бугарите се вратени оригиналните имиња на луѓето. За многу од повозрасните тоа се пречекува со умилност. Веројатно за некои од помладите, кои пораснале со српските имиња – особено презимињата, со кои биле нарекувани во училиште, тоа довело до забуна.
И ете, по 1945 започнува нова промена. Власта се соочува со тешка задача. Имињата ем треба да звучат „македонски“, ем историските личности како Делчев, Груев, Татарчев, да не звучат „туѓи“. Се извршува определена модификација, најчесто скратување на личните имиња – така како што обично се обрнуваат кон нив во најблиската околина. На пример родениот како Кирил, одгледан како Чирило, прв претседател на независна Македонија, го прима името Киро. Решено е поретко користената наставка – ски (дотогаш за презимиња кои потекнуваат од местото) да стане основна, при што меѓутоа да бидат задржани презимињата на -ов и ев. Во некои области наставката ски е поставена по наставката -ов / ев и станува Петровски, Павловски … на други места ʺвʺ- е отстрането и презимињата завршуваат на завршетоци -оски и -ески – какви што немало до тогаш. Во истото време се наложуваат имиња својствени за српскиот систем на имиња, како на пример: Зоран, Небојша, Љубиша и др.
Се знае дека ако еден цилиндар го погледнеш од страна, изгледа како правоаголник, а ако го погледнеш од врвот – како круг. За многумина оваа промена на имињата им се привидувала како доброволна, елемент од сознателното култивирање на нов македонски идентитет. За други – тоа е било туѓ отров, измама, промена.
Интересна е историја на официјалното користење на името Македонија. До Берлинскиот конгрес тоа име било доста условно и не провоцирало емоции. По раскинувањето на земјиштето на Бугарската егзархија и борбата за ослободување на Македонија името е сакрализирано. Толку многу луѓе загинале за нејзината слобода. И сепак идеалот останувал „целокупна Бугарија“. Кога изгледало дека тој може да биде реализиран – првенствено за време на Првата светска војна, секакви идеи за автономна Македонија се заборавени. Автономијата била прифатлив компромис само кога идеалот „целокупна Бугарија“ изгледал невозможен. Логично, по војната, Југославија и Грција ја забрануваат употребата на тоа име. Од 1918 до 1944 година името Македонија законски се користи само во Бугарија. Под нејзина власт, името на никој не било сменето. Суштествувале македонски друштва, македонски фудбалски тимови, па дури и македонска парламентарна група. Откако Бугарија во 1941 година ја презема администрацијата на поголемиот дел од Вардарска Македонија, името влегува во официјална употреба и таму.На пример фудбалскиот клуб од Скопје го добива името Македонија. Се разбира, под ʺМакедонциʺ се подразбирало дел од бугарскиот народ. По војната, по вољата на победниците тоа наименување е преосмислено како „еден од југословенските народи“. Некои го прифаќаат тоа со радост, други пак, пред заканата од репресии претпочитаат да молчат. Промената изгледа неповратна. Југославија изгледа вечна. Малкумина сметаат дека е неопходно да ја објаснат целата семејна историја на нивните деца кои се воспитани со новиот идентитет.
Ќе доведе ли евентуалната промена на името на државата, промена на националниот идентитет во Македонија? Вистината е дека идентитетот на сите луѓе ширум светот постојано се менува. Понекогаш станува бавно и незабележливо. Понекогаш брзо и неочекувано. Предвидувањата денес се невозможни.
––––––––––––-
Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа
