1881 е роден Тодор Александров – деец на Македоно-Одринското национално револуционерно движење. Најпрво учел во родниот град Штип, а потоа во Бугарската педагошка школа во Скопје. Во 1903-1904 година е избран за член на околиското раководно тело на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација во Штип. Три години подоцна, е издигнат за окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ. На почетокот на 1911 година, заедно со Христо Чернопеев и Петар Чаулев, Тодор Александров е избран за член на Централниот комитет на ВМРО. Под негово раководство се организирани и извршени атентатите во Штип во ноември 1911 година и во Кочани, во август 1912 година Атентатите стануваат еден од поводите за избувнување на Балканската војна 1912-1913 година По вклучување на Бугарија во Првата светска војна 1914-1918 г. Т. Александров е мобилизиран и служи во седиштето на постојната армија. По завршувањето на војната, тој е уапсен како воен злосторник, но успева да избега од затворот. Во 1919 година, заедно со генералот Ал. Протогеров и П. Чаулев, Т. Александров ја возобновува внатрешната револуционерна организација под името Внатрешна македонска револуционерна организација. Тој е отворен противник на внатрешната, а особено на надворешната политика на земјоделската влада. По негово укажување по државниот удар на 9 јуни 1923 година ВМРО активно учествува во задушувањето на Јунското и Септемвриското востание. Одделни дејци на организацијата, исто така, учествуваа во убиството на симнатиот Александар Стамболијски. Вмешувањето на ВМРО во политичкиот живот на Бугарија негативно влијае на нејзиниот авторитет како национално-револуционерна организација и создава предуслови за расцеп. За да го избегне овој процес, Т. Александров презема чекори за зближување со комунистичките сили во Бугарија и на Балканот, како резултат на кој е потпишан Мајскиот Манифест 1924 година. Гледајќи го негативниот ефект на овој чекор, тој, заедно со генералот. Aлександар Протогеров, излегува со декларација со  која се откажува од неговиот потпис под овој документ. И покрај тоа, не успева да ја добие довербата на дворецот и владата на професорот Александар Цанков. Тој е убиен во неразјаснети околности во близина на селото Сугарево, Благоевградско.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO