На овој ден во 1873 година во околината на Софија е извршена смртната пресуда на Апостолот на слободата Васил Левски. Местото на неговото бесење се наоѓа во центарот на денешна Софија, каде што е подигнат споменик.

Уште од првите години на својата дејност Васил Левски има можност да се запознае со голем број истакнати дејци од Македонија, кои му укажуваат силно влијание и помагаат за неговото напредување како револуционер. Во Првата бугарска Легија во Белград, тој се запознава со познатиот Иљо војвода / Иљо Марков / од с. Берово / Малешевско /, Христо Алексиев од Скопје, Димитар Косовец / Димитар Николич Косовец / или ака Димитар Општи од Ѓаково / Скопско / и др . Познати се врските на Левски со отец Натанаил од Кучевишта / Скопско /, подоцнежниот Охридски митрополит. А во Втората Легија во Белград, лични познаници на Левски од Македонија се: Спиро Джеров / загинал во 1868 година на Буздлужа со четата на Хаџи Димитар и Стефан Караджа / и Петар Мишајков од Битола, Арсо Македонецот од Велес, Никола Трифонов од Прилеп и итн. Познати се уште контактите на Левски со Михаил Георгиев Костенцев од Ново Село, Штипско, Димитар Петров Ножаров од Неврокоп, д-р Константин Робев од Охрид и др.

Интересен куриозитет е што може би единствената народна песна за Васи Левски е испеана во Македонија. Песната за Апостолот на слободата, Васил Левски, се исполнувала во Тиквешијата. Бил запишана од страна на училишниот инспектор Вељо Велев согласно изведбатата на учителот од селото Опицвет, роден во Кавадарци.

Подолу може да ја слушнете песната за Васил Левски во целост.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO