Тоа е билатерално прашање и нека да оставиме да се водат преговорите меѓу Скопје и Атина со посредство на ОН. Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во однос на тоа каква е бугарската позиција во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Така, како што за време на потпишувањето на нашиот договор, ќе беше неумесно некој друг да се меша во билатералните односи, не сметам дека е добро за самите преговори од секаде да има мешање, изјави Захариева.

„Нашето мнение е јасно, но тоа се билатерални прашања меѓу двете држави. Не би сакале да има во името нешто што би можело да има идни територијални претензии кон Бугарија. Бугарија го призна името без никакви префикси напред пред доста години „, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија.

Ги поздравувам колегите, се радувам, дека тие се среќаваат често и има напредок во овие преговори. Не им е лесно, им посакувам успех, рече Екатерина Захариева.

Според неа напредок меѓу двете држави има. „Факт е дека се среќаваат толку често, имаат план по кој работат. Тие се доволно искусни и земји-дипломати, и ќе се справат одлично „, изјави уште вицепремиерот Захариева.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO