„Процесот на зближување меѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква-Охридска архиепископија оди во добра насока“. Тоа го изјави во интервју за БГНЕС директорот на ТВ „Телма“ Атанас Кировски.

Тој истакна дека БПЦ се искажала исклучително позитивно на барањето на поглаварот на Охридската архиепископија, архиепископот Стефан да стане Црква-мајка. „Од таа причина сум оптимист и очекувам голем напредок во односите меѓу двете цркви“, рече Кировски.

Новинарот рече дека очекувањата од Бугарија, која во моментов е шестмесечен претседател на Советот на ЕУ, се многу големи.

„Бугарија е претседател на Советот на ЕУ  6 месеци. По потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство во Македонија очекувањата се дека Бугарија како блиска и соседна држава, како еден многу близок народ ќе и помогне на Македонија за придвиживање на нејзиното членство во НАТО и ЕУ. Во тој контекст се големи очекувањата и од преговорите со црквата и од развојот на политичките односи, кои во последно време се на исклучително високо ниво „, истакна Кировски. Според него престојната посета на бугарскиот претседател Румен Радев во Република Македонија е уште една потврда за високото ниво на односи меѓу Софија и Скопје што го гледаме во последно време.

Кировски е категоричен дека има само еден проблем во нашите односи и тој е поврзан со недостаток на добри транспортни врски. Неприфатливо е во 21 век да се патува многу часови меѓу Софија и Скопје. Градењето на подобри транспортни врски, исто така, ќе го зајакне бизнисот од двете страни на границата.

Во исто време тој не e оптимист за разрешување на долготрајниот спор околу името меѓу Република Македонија и Грција.

„Оценката дека е направен многу сериозен напредок во преговорите меѓу Република Македонија и Грција за името е пресилен. Со сигурност може да се каже дека преговорите меѓу Скопје и Атина станаа поинтензивни во последниве неколку месеци „, рече Кировски.

Ова главно се должи на промената на власта во Република Македонија, каде што премиерот Зоран Заев ја замени владата на Никола Груевски.

„Додека Груевски беше на власт, во Македонија се спроведуваше политика на антиквизација, не можеше да стане и збор за преговори со Грција. Со промената на власта, составувањето на лева влада на чело со Заев, Македонија се отвори кон своите соседи и побара да ги реши сите спорни прашања со нив. Новиот приоритет стана членството во НАТО и во Европската унија „, рече новинарот.

Тој потсети дека првиот чекор беше потпишувањето на 1 август на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Бугарија и Македонија. „Првиот чекор беше потпишувањето на овој документ, кој долго време зафрлан во министерствата. Потоа почнаа преговорите со Грција „, рече Кировски. Според него, Атина е загрижена од новото лице на македонската влада. Грција беше мирна, додека во Скопје владееа националистите.

„Тие беа мирни и им беше лесно бидејќи знаеја дека има националисти во Македонија и не можат да постигнат напредок. Грција сега ќе се соочи со дилемата за барање решенија и компромиси „, рече Кировски.

Според него, Грција премногу ја подигнала цената на преговорите. Атина сака промена на Уставот и го става на масата и прашањето за идентитетот на македонскиот народ и јазик. „Тоа се премногу барања. Ако Грција акцентира на промената на Уставот, за кое што зборува повторно и премиерот Алексис Ципрас, тогаш нема да имаме решение на проблемот „, констатира новинарот.

Кировски е категоричен дека треба да се најде достоинствено решение за спорот за името.

Ако името содржи географски одредница, на пример, Горна или Северна Македонија, тоа значи дека англиската транскрипција треба да биде Northern Macedonia или Upper Macedonia соодветно. Не може да нема транскрипција и да остане на кирилица, на пример Gorna Makedonija, како што сака Грција. Ова би било целосно преименување на државата. Горна Македонија ќе треба да се преведе на англиски или на било кој јазик, како што е случај со другите земји „, рече тој.

Кировски смета дека идното име на земјата ќе содржи географско, а не временско значење. „Сигурно е дека нема да биде Нова Македонија. Името ќе содржи географски поим, а не временски. Тоа се: Горна, Вардарска или Северна Македонија. Не можам да кажам кој од овие три имиња ќе го изберат властите во Скопје, но мислам дека изборот ќе биде меѓу нив. Според мое мислење, најмногу ја одразува реалноста на името Северна Македонија „, изјави Кировски.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO