Во неговата статија „Европа е нашето име“ од 09:10, 10 февруари 2018 Бранко Тричковски предложи Република Македонија да се откаже од битката за името и де факто да објави: „Европа е нашето име!“ Тоа можело да е македонската доктрина. Бранко Тричковски станува уште понејасен кога вели: „Името не е цел на нашата борба, туку е инструмент. Целта на борбата е интеграција во НАТО и ЕУ „. За сите земји членки на ЕУ и НАТО, членството е алатка за постигнување на цели – економски просперитет, национална безбедност, афирмација на националната култура … Како можe членството  да биде самоцел? И уште почудно. Како името може да служи како инструмент?

Споредбата со вреќата со песок од која требало да се ослободи македонскиот балон да лета од Скопје до Брисел беше неубедлива. Вреќата за песок е „инструмент“ за задржување на балонот на едно место. Таа не е дел од него за време на полет.

Човек би помислил дека Бранко Тричковски едноставно дава лоша споредба, но читајќи подолу станува јасно дека името може, и било искористено како инструмент.

Авторот предлага „радикална ревизија“ на начинот на кој Македонија комуницирала со светот, но всушност не нуди решение за проблемите, а нивното сокривање под тепихот

„Историските дискурси ги избегнуваме колку што е можно повеќе, затоа што тие се најслабото оружје со кое Македонија може да излезе на двобој со кој било, а во фигурите во кои не е најслаба, таму се моќите за интерпретации на другите сто пати поголеми.“

Наместо преосмислување и катарзис, Тричковски предлага крај на прикаските. Бело да да ми покажете, јас пак ќе си мислам дека е црно! И ќе си молчам!

Само што влегувањето во Европа означува Македонија да разбере дека белото е бело-црното црно. Семафор ќе светне во зелено, кога во македонскиот воз сите тие нешта ќе се изјаснат. Ако историјата беше разјаснета пред 28 години, земјата  можеше одамна  да е во ЕУ и во НАТО. Не ги ли изјасни и во Тонгузија да се прекрсту државата, повторно нема ЕУ и НАТО!

Ако досега имало нејаснотија за тоа што навистина сака да ни каже Бранко Тричковски, сесее разјаснува во т.н. Четврта точка:

„ВМРО-ДПМНЕ не е десница во македонскиот политички систем, туку е антимакедонска злосторничка инсталација во најбуквалната смисла на зборот. Таа е измислена, формирана и сетирана, таа организација мајка, како промакедонска уште пред сто и триесет години, на начин што во услови на македонската државна и национална реализација, што се случи во меѓувреме, ја прави антимакедонска по дефиниција. Тоа значи дека мораме да се соочиме со радикална ревизија на крупни историски парчиња од нашата легитимација.“

Читателот тука нема како да не испадне во целосна конфузија. За какво ДПМНЕ може да се зборува пред 130 години. И како нејзината организација мајка, била „промакедонска“ но „во услови на македонската државна и национална реализација, што се случи во меѓувреме, ја прави антимакедонска по дефиниција“.

Прилично езуитско тврдење, нели?

Низ целата конфузијата, меѓутоа едно станува јасно. И покрај пламенениот повик кон„радикална ревизија на крупни историски парчиња од нашата легитимација“, Бранко Тричковски сака да не го ревидира она што всушност го блокира влезот на Македонија во ЕУ и НАТО. А имено, философијата на „македонската национална и национална реализација, што се случи во меѓувреме“ – разбирај во и непосредно по 1944 година. Бранко Тричковски разбира дека принципите на оваа „реализиација“ се фундаментално различни од принципите на организацијата мајка од 1893, од тие на Преродбата, дури на локалната историjа од Средниот век. Но тоj предлага … да се исфрли веднаш и за секогаш … филозофијата на организацијата мајка, на Преродбата пред неа и  т.н.. Сака да го уништи споменот за мајката за да преживее отуѓеното од неа дете.

Но ако во 1944 не се случела никаква државна и национална реализација, а името било искористено како инструмент за да се реинтегрира Вардарска Македонија во составот на Југославија? Бранко Тричковски знае дека тоа е токму така, но бидејќи тој самиот е производ на „југославенизацијата“ на Македонија, смета дека вистинската историја на „огранизацијата мајка“, а и целата историjа на оваа земjа (за коjа што треба да се молчи) бидеjќи таа е „тотална спротивност на националната посебност на Македонецот“ и „тоа само ќе значи декa сме се определиле за самоубиство „.

Значи ЕУ и НАТО не се целта, дури за Бранко Тричковски. Не е и името “Македонија” бидејќи тоа „така и така го претворивме во густа магла во која не може да слета нашиот авион“. Целта на Бранко Тричковски е да нема ревизиjа на оној процес на „југословенизација“ на Македонија, конструирана по 1944, коjа се случила со користење на посебен инструмент – сакрализираното во борбите за слобода по Берлинскиот договор име „Македонија“ и преку митот за божемната историска „националната посебност на Македонецот“. Бранко Тричковски е свестен дека без инкубаторот на Југославија, оваа лажна Македонија нема шанси да преживее и веќе умира. Неговата мечта е Европа да ја преземе улогата на Југославија. Да користи какво и да е име, само да го спаси животот на југословенизираната Македонија. Така како што за времето на неговата младост,неговите сонародниците беа истовремено Македонци и Југословени, така сега да станат „какви и да било и европејци“, само да се избегне осознавањето дека во не толку далечното минато огромното мнозинство од нивните предци биле Бугари!

Само што тоа едноставно нема како да се случи. Во 1944-45 победниците во Втората светска војна сакаа да ја наградат Југославија и да стават крај на секое оправдување за бугарскиот „иридентизам“. Денес Бугарија е член на ЕУ и НАТО и овие организации нема како да ја одиграат оваа улога. А како што Бранко Тричковски признава Русија не е опција. Ниту пак Турција.

Југословенска Македонија е на своето смртно легло, но ако за Бранко Тричковски „дејугословенизацијата“ е смрт, тогаш има надеж, дека за огромното мнозинство од граѓаните на таа многострадална земја, оваа смрт може да се покаже како преродба!

––––––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO