Градоначалникот на македонската престолнина Скопје Петре Шилегов е убеден дека властите во Република Македонија и Грција сакаат да го решат спорот за името на земјата.

„Многу подобро е да ги решаваш проблемите, наместо да ги игнорираш. Јас лично, но и премиерот Зоран Заев, сакаме да решаваме, а не да создаваме проблеми“, вели Шилегов пред грчкото издание „Документо“.

„Кога сакаш да решиш еден проблем, едноставно го решаваш. Кога не сакаш, не го решаваш. Она што го гледам во моментов е дека и во двете влади има намери за решавање на проблемот“, вели уште градоначалникот на Скопје.

Петре Шилегов експлицитно вели дека историјата на неговата земја нема ништо заедничко со Александар Велики.

„Александар Велики никогаш не бил дел од нашата официјална историја. Тој беше вклучен во нашата историјата во последните десет години. Кога зборуваш за некаква етничка припадност, за држава и народи, тоа се однесува на последните триста години, а Александар Велики живеел пред 2300. Јас претпочитам да го разгледува како лидер кој придонел за цивилизацијата на светот „, изјави уште Шилегов за ʺДокументоʺ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO