Споровите околу Александар Велики се вистински срам. Добар и позитивен чекор е одрекувањето на владата на Зоран Заев од идеологијата за антиквизација на Македонија на претходниот премиер Никола Груевски.

Ова го изјави пред грчкото издание „Прототема“ професор Владимир Глигоров од Меѓународниот институт за економски студии во Виена, кој е син на првиот македонски претседател Киро Глигоров. Според него, „споровите околу името може да се решат на достоинствен начин“. „Зоран Заев и Алексис Ципрас се модерни политичари кои гледаат напред“, вели Глигоров. Евентуалните промени во Уставот на Република Македонија треба да бидат направени поради приближување на земјата кон Европската унија, но и поради некои прашања кои се поставуваат од страна на Грција.

Владимир Глигоров е убеден дека „нема основа за загриженост од страна на Грција за постоењето на некаков иредентизам и експанзионизам од страна на Македонија“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO