Веднаш по самитот на НАТО одржан во Букурешт, кога Република Македонија не беше поканета да стане членка на пактот, Бугарскиот Културен Клуб Скопје (БККС) излезе со Меморандум во врска со спорот за името. Во Меморандмот аргументирано е дадена историска основа на ʺМакедонското прашање”, но и препораки за разрешување на спорот за името, главна пречка за приопштување на Република Македонија во НАТО.

За жал владата на ВМРО–ДПМНЕ на чело си Никола Груевски не ги прифати историски аргументираните предлози на БККС со кои ќе ги зајакнеше преговарачките позиции на Македонија. Напротив, Груевски со државно спроведуваната политика на антиквизација влезе длабоко во ʺгрчка играʺ. Со тоа му даде основ на нашиот јужен сосед пред меѓународната јавност да тврди дека крадеме грчка историја и дека сакаме да го монополизираме целиот регион на Македонија.

Она што е најлошо е тоа што со таквата политика на Груевски, актуелната влада на Република Македонија е исправена пред временски цајтнот и без можности за големи дипломатски маневри, со огледа на националниот императив во јуни нашата држава да добие покана за членство во НАТО.

Меморандумот на БККС беше испратен до: Претседателот на Република Македонија; Премиерот на Владата на Република Македонија; Министерот за надворешни работи на Република Македонија; Претседателите, премиерите и министрите за надворешни работи на Албанија, Австрија, Белгија, Бугарија, Кина, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција, Велика Британија, САД преку амбасадите на соодветните земји; Претседателот на Европската Комисија преку г-н Erwan Fouere; Претседателот на ООН и г-н Matthew Nimitz преку г-ѓа Maria Luisa Silva Mejias од канцеларијата на ООН во Македонија; Генералниот секретар на НАТО преку генерал Стојан Генков од канцеларијата на НАТО во Македонија; Претседавачот на ОБСЕ преку амбасадор Giorgio Radicati од мисијата на ОБСЕ во Македонија;

Целиот текст на Меморандумот на БККС за спорот за името меѓу Република Македонија и Република Грција може да го прочитате тука.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO