Опис:

Единаесеттата пешадиска Македонска дивизија е воена единица на Бугарската армија, формирана главно од војници родени во Македонија и дејствувала во Првата светска војна. Дивизијата е наследник на Македоно-одринското ополчение.

Повеќе информации за дивизијата тука.

Автор: Родениот во Беломорскиот град Кукуш Петар Георгиев Дрвингов (1875-1953, Софија) е легендарен бугарски офицер, војвода на ВМОК, организатор на чети во ВМОРО и воен историчар, член-дописник на Бугарската академија на науките од 1932 година Го завршува со одличие  Военото училиште во Софија во 1896 година (трет по успех). За време на Горноџумајско востание во есента 1902 година е член на востаничкиот штаб и раководи чета. За време на Илинденското востание од 1903 година, Дарвингов бил воен организатор на четите на ВМОРО. Како војвода на чета во Серскиот револъционерен округ, водел борби во Мелничко. За време на Балканската војна тој е назначен за началник на Генералштабот на Македоно-одринското ополчение на Бугарската армија. За време на Првата светска војна е началник на единаесеттата пешадиска Македонска дивизија на Бугарската армија, а подоцна е назначен и за началник на Моравската воено-инспекциска област. По војната се занимава со научна и општествена дејност. Станува почесен претседател на Друштвото на Македоно-одринските ополченци, на Друштвото на бугарските публицисти и на Друштвото на воените писатели во Бугарија. По државниот преврат од 09.IX.44, тој е репресиран од новата комунистичка власт.

За повеќе информации за авторот тука.

За да ја прочитате книгата кликнете тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO