12,2 милиони евра ќе бидат инвестирани во пограничниот регион меѓу Бугарија и Србија. Средствата се наменети за финансирање на проекти за објавената денес втора покана за предлози за Програмата Interreg – ИПА за прекугранична соработка меѓу двете земји со управен орган Министерството за регионален развој и јавни работи, соопштија од бугарското министерство.

За финансирање ќе има проекти за зголемување на туристичката атрактивност во регионот или создавање на прекуграничен туристички производ, зачувување на природата или заедничко управување со ризици. Исто така, ќе се финансираат проекти за стекнување на нови вештини и претприемништво во прекуграничната област. Тој вклучува областите Видин, Монтана, Враца, Софиската, Перник и Ќустендил во Бугарија и областите Бор, Заечар, Топлица, Нишава, Пирот, Јабланица и Пчиња во Србија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO