Македонската нација никогаш не постоела. Тоа го изјавува грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за весникот „Етнос“, цитирано од порталот „Њуз 24/7“.

Интервјуто на Ципрас ќе биде објавено утре. Во него тој детално се запира на спорот за името со Република Македонија, можните решенија, посочува какво име би прифатила грчката влада и ја нагласува важноста на прашањето за иредентизмот.

Порталот „Њуз 24/7“, кој објавува извадоци од интервјуто на Ципрас, е дел од медиумската група на „Етнос“.

Во врска со дијаметрално спротивставените позиции на неговиот коалициски партнер, партијата „Независни Грци“ по прашањето со името, Ципрас го изјави следново: „Панос Каменос нема да стане Андонис Самарас“, со кое нагласува дека лидерот на „Независни Грци“ нема да создаде проблем за влада.

Андонис Самарас беше министер за надворешни работи во владата на Константинос Мицотакис / 1990-1993 година / Токму тогаш избувна спорот за името меѓу Атина и Скопје. Самарас зазема крајна позиција и не беше согласен со Мицотакис. Тој ја напушти тогашната владејачка Нова демократија и ја формираше својата десничарска партија Политички пролет. Тоа беше една од причините за падот од власта на омилен премиер на Грците Мицотакис во октомври 1993 година и враќањето во власта на Андреас Папандреу и ПАСОК.

Потоа Самарас се врати во редовите на „Нова демократија“, која ја оглавува и стана премиер. Неодамна тој ја напушти лидерската позиција и ја отстапи на Кирјакос Мицотакис, кој е син на покојниот Константинос Мицотакис и брат на поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO