Тимот на Севиља се израмни по поени со четвртиот на табелата Реал Мадрид, откако го победи Еспањол со 3: 0 како гостин во натпревар од 20-тиот круг на Ла Лига.

Избраниците на Винченцо Монтела го започнаа одлично дуелот во каталонската престолнина и поведоа во резултатот уште во 15-та минута преку Франко Васкез, а во 34-та минута Пабло Сарабија зголеми на 2: 0. Конечните 3: 0 беа оформени од Луис Куриел на самиот крај на натпреварот. По овој успех Севиља веќе има 32 поени колку има и Реал Мадрид, но шампионите имаат одиграно два натпревари помалку. Еспањол е рангиран на 14 место со 24 поени во нивниот актив.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO