Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Вардарска Македонија, Република Горна Македонија и Република Македонија (Скопје).

Ова се предлозите на посредникот во спорот за името на Република Македонија меѓу властите во Скопје и Атина, Метју Нимиц.

Предлозите беа обелоденети од македонскиот новински портал мкд.мк само неколку часа по завршувањето на преговорите меѓу македонската и грчката делегација во Њујорк во присуство на Нимиц. Македонската делегација беше предводена од Васко Наумовски, а  грчката од Адамантиос Василакис.

Скратена верзија на името, кое може да се користи е – Nova Makedonija, Severna Makedonija, Vardarska Makedonija ili Gorna Makedonija (ги даваме имињата на латиница, како ќе се испишуваат во меѓународните односи – бел.ред. ). Во однос на јазикот има два предлога „македонски“ ( „makedonski“), или „official language of the Republika Severna Makedonija или Nova, Vardarska, Gorna.

Името што ќе се усвои ќе се користи и во билатералните односи и на меѓународно ниво.

Македонската влада на оваа фаза прецизира само дека „се создаваат услови за придвижување на процесот и исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис и од двете страни, имајќи ги во предвид разликите“.

Самиот Нимиц рече дека „ги дадов моите предлози на двете страни“. „Тие треба да ги достават на нивните влади, кои треба да ги разгледаат и да донесат одлука дали ќе се дојде до донесување на решение“, рече уште Нимиц по преговорите во Њујорк.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO