Бугарската влада го одобри потпишаниот Меморандум за разбирање на 23 ноември 2017 година во Струмица помеѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија и Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги.

Документот предвидува змјите да ги поттикнуваат мобилните оператори да постигнат конкретни договори едни со други што ќе доведат до постојано намалување на тарифите за меѓународна роаминг. Во моментов тие се едни од највисоките во Европа – меѓу 2,99 лв. и 6,99 лв. на минута и околу 25 лв. на мегабајт.

Отпаѓањето во роамингот на земјите од Западен Балкан со Европската унија е меѓу приоритетите на бугарската влада и на бугарскиот еврокомесар Марија Габриел. Тоа е дел од мерките за подобрување на поврзаноста на сите нивоа во регионот, што директно ќе влијае на контактите меѓу граѓаните и бизнисите. Заедно со политичката поддршка за европската интеграција на Западен Балкан, бугарската влада е решена да поддржи и голем број на практични решенија кои ќе го потпомогнат развојот на регионот како заеднички пазар од 22 милиони луѓе.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO