Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикува политиката на Европската унија кон Русија во интервју за денешниот број на ʺВелт ам Зонтагʺ.

ЕУ не разбира дека во однос на Русија истовремено треба да се демонстрира и сила и подготвеност за соработка. Европската политика кон Русија е лоша, бидејќи е премногу еднострана. Унгарија има релативно влијание, главниот збор го имаат големите земји во ЕУ, кои задолжителноо бараат санкции против Русија. Ние се откажавме од нашето вето (во контекст на рестриктивни мерки) со цел да се зачува единството на ЕУ „, истакна Орбан.

Треба да признае, кажа исто така тој, дека Путин ја направи својата земја повторно силна. Русија повторно е еден од актерите во светската политика. За Западот, на прво место е слободата. Во Русија, пред сè, се работи за одржување на сплотеноста на огромната држава, и сè друго доаѓа после тоа. ЕУ не ја разбира Русија, смета унгарскиот премиер.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO