Голден Стејт Вориорс надвладеа над Торонто со 127: 125 како гостин во клучниот денешен натпревар од НБА. Актуелниот шампион постигна 81 поен во првата половина од натпреварот, што е нивен најдобар показател за сезонава.

По паузата домаќините успеаја да се вратат во натпреварот, но не и да направат комплетен пресврт.

Клеј Томпсон постигна 26 поени за „воините“, Кевин Дурант – 25, Стеф Кари – 24 и 9 асистенции.На „Јастребите“ не им помогнаа 42 поени на лидерот на екипата Демар Дероузен.

Сан Антонио Спарс забележаа категорична победа на домашен терен со Денвер Нагетс со 112: 80, при ја доби првата четвртина со разлика од 16 поени, а четвртата со 19. Никола Јокиќ заврши со 23 поени, 9 скока и 7 асистенции, Кауај Леонард – 19 поени.

Во други натпревари од кругот Чикаго Булс се наметна над Детроит Пистонс со 107: 105, Далас Маверикс падна дома од Лос Анџелес Лејкерс со 101: 107, Лос Анџелес Клиперс без тешкотии го совлада аутсајдерот Сакраменто Кингс со 126: 105, а Вашингтон Визардс го победи Бруклин Нетс со 119: 113 по продолжение.

Расел Вестбрук запиша уште еден дабл-дабл (25 поени плус 10 скока), а неговиот Оклахома Сити Тендер стана победник на гостувањето на Шарлот Хорнетс со 101: 91.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO