Пратеникот во Европскиот парламент Андреј Ковачев до Бугарскиот Културен Клуб Скопје (БККС) по повод организирањето на панихидата за Мара Бунева испрати поздравно писмо кое ТАТКОВИНА го публикува во целост.

„Изминаа 90 годиниот од бесмртниот подвиг на бугарската революционерка Мара Бунева, која на 13 јануари 1928 година во Скопје, во близина на мостот над р. Вардар го застрелува српскиот главен истражител на Скопското жупанство Велимир Прелич, кој е главен спроводник на српската политика и обидите на Србите да го денационализираат тогашното население во Македонија, преку терор, монтирани процеси и убиства. На прашањето зошто го убила Прелиќ, таа одговорила: „Поради тортурата што ја изврши над моите браќа студенти. Бидејќи ја сакам својата татковина. „Чинот на Мара Бунева станува широко познат не само во Бугарија и Македонија, но и во Европа. Францускиот весник „Ле Тан“ ја нарекува Мара Бунева „македонската Шарлот Корде“. Весникот „Франс“ пишува: „Вистината која Франција треба да ја знае е дека овие терористички активности всушност се дело не на вулгарни разбојници, а на еден востанат народ!“. Не можам да не ги споделам и зборовите на Свобода Думева- „Матните од крв и им ја раскажуваат на вековите новата легенда – вистина за новиот недостигнат и неостварлив подвиг на Мара Бунева, чие натчовечко самопожертвуване е нашата најголема гордост, уште еден залог за успехот на македонската борба.“

За прв пат панихидата се организира во услови во кои во Македонија има нова влада која прави сериозни обиди да ги подобри односите со соседите и изјавува искрена желба за интеграција во ЕУ и НАТО. Потпишан е и договорот за добрососедство со Бугарија, кој до денови би требало да биде ратификуван од страна на македонскиот парламент. Тој треба да се претвори во стабилна основа за продлабочување на односите меѓу двете земји во сите сфери од интерес на нивните граѓани. Мара Бунева се почитува и во Бугарија и во Македонија и претставува одличен повод за заедничко прославување во контекст на договорот и препораките на Европската комисија и ЕП. Во врска со ова, посакувам на следните прослави да има се повеќе политички, културни претставници и обични граѓани, како од Република Бугарија, така и од Република Македонија. На тој начин, споменот на Мара Бунева, која мечтаеше за слободна и независна Македонија, ќе се одбележи на најдостоен начин.“

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO