Хрватска и Словенија се многу близу до решение за граничниот спор, независно од впечатокот што постои во јавноста околу ова прашање, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и нагласи дека Хрватска на словенечката страна и го претставила својот предлог за надминување на спорот, кој, според него, би можел да биде „многу добра основа за изнаоѓање конечно решение“.

Тој рече дека во врска со спорот Хрватска се однесува „одговорно и зрело“ и не презема еднострани потези, кои на каков било начин би можеле да ги влошат односите меѓу Загреб и Љубљана.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO