Косовскиот претседател Хашим Тачи постигнал договор со американска лоби компанија која треба да му помогне во подобрување на односите со САД. Овие услуги за компанијата, за која се смета дека е блиска до американскиот претседател Доналд Трамп, косовската држава ќе ја чинат 52 илјади долари месечно или над милион долари за две години.

Компанијата „Балард партнерс“, која ја раководи лобистот Брајан Балард,  треба да помогне во подобрувањето на имиџот на Тачи меѓу Амерканците. Балард е близок соработник со Трамп и беше ангажиран во неговата изборна кампања.

Договорот важи до 21 декември 2019 година и во тој период вкупниот износ на пари ќе биде исплатен во осум рати.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO