Научниците пронајдоа количества на мраз под површината на Марс,  што претставува откритие важно за идните мисии на „црвената планета“, објави „Нешнл џиографик“. Ова претставува нов прозорец кон мразот на Марс, соопшти Колин Дандас, еден од геолозите кои ги открија слоевите мраз, на осум локации.

Научниците долго време имаа теории оти постојат резерви на смрзната вода под површината на Марс. Роботското летало на НАСА „Одисеја на Марс 2001“ ја скенираше планетата од орбитата и детектира знаци на мраз на голема надморска височина, во 2002 година. Мисијата „Феникс“ ископа мраз по слетувањето во близина на Северниот пол на Марс.

Слично откритие имаше и во 2016 година, но научниците тогаш не можеа да дојдат до сознанија за достапноста на водата на Марс, се до откритието на Дандас.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO