Мартин Шулц, лидерот на германската Социјалдемократска партија (СПД), денеска изјави дека очекува Европската унија да воспостави функција министер за финансии.

Шулц ја даде изјавата откако беше најавено дека е постигнат начелен договор со конзервативната коалиција предводена од Ангела Меркел за формирање на нова широка коалициска влада во Германија, на трите најголеми леви и десни партии. Прашањето на тоа како новата германска влада ќе се постави кон Европската унија беше едно од клучните прашања во преговорите меѓу Меркел и Шулц.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO