Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на Василица.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO