Истражувањето „Хоризон 2020“ што е направено на програмата на Европската унија во однос на тоа како жителите на Западен Балкан гледаат кон пристапувањето во Унијата, покажа дека Македонците, Србите, Црногорците и Босанците се речиси со поделени мислења во однос на тоа прашање.

Српските испитаници (60%) се најголеми евроскептици, оценувајќи дека од Унијата имаат корист само оние кои се богати и моќни, како и дека пристапувањето кон ЕУ ќе ги загрози нивниот културен идентите и економијата.

50 % од Македонците се евроскептици, а потоа следат граѓаните на Босна и Херцеговина и на Црна Гора. Подгорица е „најблиску“ до влез во Унијата.

За разлика од нив, во најголем процент жителите на Албанија и на Косово не го застапуваат ставот дека Унијата лошо ќе влијае врз нивниот културен идентитет или економијата.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO