Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вели дека до крајот на овој мандат на Комисијата никој нема да влезе во ЕУ бидејќи не се исполнети условите за тоа, но сепак, порачува дека во следниот манднат на ЕК секако дека ќе се работи на тоа: „Обврска на следната Комисија од ноември 2019 до ноември 2024 година ќе биде да ги насочи државите членки и јавното мислење во тој правец“, изјави Јункер по состанок на ЕК и бугарски официјални лица во Софија.

Јункер најави дека во Софија на 17 мај ќе се одржи самит за Западен Балкан и ЕУ и дека тој за време на посети во регионот, планирани за крајот на јануари, лично ќе разгледа очекувања од различни играчи на Западен Балкан. Тој додаде дека е многу важно за Западен Балкан да задржи и има потврдена европска перспектива.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO