Американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да го продолжи олеснувањето на санкциите спрема Иран, определено со нуклеарната спогодба на Техеран со светските сили, оставајќи го договорот засега непроменет, јавуваат неколку медиуми, цитирајќи извори блиски на Трамп. Според нив, се очекува Белата Куќа денеска да ја објави одлуката на претседателот.

Во написите се наведува дека Трамп одлучил да го продолжи олеснувањето на санкциите за централната банка на Иран и нафтената индустрија, во согласност со обврските на САД во нуклеарната спогодба во замена за ограничување на иранските нуклеарни активности, но истовремено донесол одлука да воведе нови, насочени санкции за Иран. Медиумите јавуваат дека Трамп можеби ќе им даде рок на Конгресот и на европските сојузници да го подобрат договорот според неговите потреби или во спротивно тој ќе ги повлече САД од него.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO