Слободен проток на стока, на пари, на луѓе – повеќето граѓани на ЕУ лично имаат добри искуства со глобализацијата, но сепак сметаат дека таа претставува закана. Притоа, многу од нив се надеваат на посилна улога на ЕУ, независно од тоа дали нивниот став за глобализацијата е позитивен или негативен, пишува Deutsche Welle.

56 проценти од граѓаните во ЕУ сметаат дека глобализацијата претставува шанса, произлегува од студијата на фондацијата „Бертелсман“. Две третини од нив посакуваат подлабока европска соработка. Само приврзаниците на десничарските и десноекстремните партии отфрлаат јасно секаков вид политичко или економско отворање.

За 44% од испитаниците глобализацијата претставува закана. Притоа ЕУ, според мислењето на голем број скептици, би можела да има заштитничка улога. Во оваа група испитаници релативно мнозинство од 45% посакува поголемо ЕУ-продлабочување, пред сѐ во делот на безбедноста и миграцијата. 41% испитаници од оваа група пак се за помала ЕУ-интеграција.

Студијата на „Бертелсман“ покажа дека 66% од граѓаните лично имаат „релативно добри“ или „добри“ искуства со глобализацијата, како на пример во делот на поевтини производи и услуги. Според раководителката на истражувањето Изабел Хофман, по прашањето на предизвиците што со себе ги носи глобализацијата, „значително мнозинство од граѓаните сметаат дека европската интеграција е дел од решението“, а не дел од проблемот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO