И оваа 2018 година, на 13 jануари (сабота),Бугарскиот културен клуб – Скопjе (БККС) ќе организира панихида за народната хероиња Мара Бунева.

И покрај силното медиумско присуство, за жал сите до сега организирани панихиди во периодот на посткумунистичка Македониϳа минаа во атмосфера на зголемени тензии и контроверзии во македонското општество и со говор на омраза против Р. Бугариϳа и бугарскиот народ. Независно од тоа, овие чествувања се претвориϳа во симбол на отпорот на македонските бугари против посмртното фалсификување на бугарската етничка и национална припадност на историски личности како св. Климент, цар Самуил, преродбениците Кирил Пејчиновиќ, Рајко Жинзифов, Кузман Шапкарев, браќата Миладинови, Григор Прличев и на илјадниците дејци и херои на ВМРО (мегу кои Мара Бунева, Дамјан Груев, Христо Матов, Гоце Делчев, Јане Сандански, Пере Тошев, Тодор Александров и многумина други). Истовремено, настаните за Бунева ги симболизираат долголетните борби и желбата на бугарското население на овие простори за самостојна, единствена, неделива, суверена и независна македонска држава, која да биде рамноправен дел од европската и светската заедница, да живее во мир и да соработува активно со сите свои соседи и особено со нашите родни браќа и сестри во Република Бугарија.

Овогодишната панихида се организира во услови кога новата влада на Р. Македонија прави сериозни напори за подобрување на односите со соседите, како основен предуслов за приопштување на нашата татковина кон НАТО и започнување на преговори со ЕУ. Веќе е потпишан Договорот за добрососедство и соработка меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија, а искрено се надеваме и посакуваме, скоро истиот да биде ратификуван и во Собранието. Очекуваме договорот да биде стабилна основа за идното задлабочување на односите меѓу двете држави во сите сфери от интерес на нивните граѓани.

БККС ги повикува  сите граѓани на Р. Македониϳа, независно од нивната политичка ориентациϳа, етничка и религиозна припадност, да присуствуваат на овогодишната панихида за Мара Бунева и за прв пат да се покажат солидарни во своите барања.Народната хероиња го даде своϳот млад живот за слободна и независна Македониϳа – земја коϳа што еднакво мора да jа чувствуваат како своϳа татковина сите граѓани на државата. Такви беа принципите на историското ВМРО, а не како што изкривоколчено сакаат да ги претстават денешните самобендисани „наследници“ на славната организациϳа.

Нека со нашето присуство сите заедно ја демонстрираме волјата на македонските граѓани ЗА слобода, демократиϳа и правна држава, ЗА Македонија-полноправен член на НАТО и ЕУ, но и ЗА развој на добрососедските односи со Р. Бугариjа и заеднички прославувања со цел зачувување на заедничкото културно и историски наследство.

Панихидата ќе се одржи во црквата Св. Димитар во Скопjе со почеток во 11:00 часот. Од 12:00 до 13:30 часот ќе бидат положени венци на лобното место на Мара Бунева на кеjот на реката Вардар близу до Камениот мост. Ќе бидат одржани говори и прочитани поздравни писма.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO