Украинската Армија соопшти дека тројца нејзини војници се убиени и четворица ранети во судири во источниот дел на земјата за време на последните 24 часа. Во соопштението на Министерството за одбрана е наведено дека сепаратистите поддржани од Русија седум пати го прекршиле прекинот на огнот во престрелки во кои употребувале митралези, гранати и ракетни фрлачи.

Во меѓувреме сепаратистите тврдат дека двајца цивили биле повредени во напади од страна на украинските владини сили. Од април 2014 година повеќе од 10.300 луѓе загинаа во борбите меѓу владините украински сили и сепаратистите поддржани од Русија кои држат под контрола делови од регионите Доњецк и Луганск.

Договорите од Минск за прекин на огнот од септември 2014 и февруари 2015 година не успеваат да се одржат.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO