„Отечество любезно, как хубаво си ти! Как чудно се синее небето ти безкрайно! Как твоите картини меняват се омайно! При всеки поглед нови, по-нови красоти“ Со овој цитат на Иван Вазов на чист бугарски јазик, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск се обрати кон присутните во салата на Народниот театар за време на церемонијата за официјалното отворање на бугарското европредседателство

ТАТКОВИНА го објавува целосниот текст на изјавата на Доналд Туск:

„Овие зборови на Иван Вазов, чие име го носи овој театар, го доловуваат духот на денешното празнување.“ При секој поглед нови, понови убавини „- оваа мисла ме придружува денес како Претседател на Европскиот совет и како Полјак. Зашто како Полјак јас добро разбирам колку многу работа, храброст и одлучност ве чинело на вас, Бугарите, да ги постигнете овие европски успеси за вашата Татковина. Никој не ви дал ништо дарум. Вие самите, на прво место, сте творците на овој историски пресврт, на овие “ нови, понови убавини „.

Помладите генерации веројатно го поврзуваат театарот во кој се наоѓаме сега, туку со познатиот актер Захари Бахаров и неговата улога во култниот серијал „Игра на престолите“, отколку со поезијата на Вазов. Историјата на Балканот е драматична и поинтересна од сценариото на „Игра на престолите“, макар што во неа да нема змејови. Сите ние би сакале сегашноста и иднината на Балканот да имаат помалку сценарија на драматични филмови. Стабилност, безбедност, просперитет – тоа го заслужуваат луѓето во целиот овој регион. А Европската унија постои за да го направи ова сценарио реалност.

Добро е дека еден од приоритетите на Бугарското претседателство е иднината на Западен Балкан. Кој друг, ако не вие, потомци на Спартак, наследниците на најстарата држава во Европа, Вие, кои никогаш не сте изгубиле бојно знаме во битка, кој друг би бил на височината на оваа важна и исклучително тешка задача – да се обнови Европската перспектива за целиот регион.

Отсекогаш сте биле решителни и храбри, кое го потврдивте и во последниве години. Затоа верувам дека вашето претседателство ќе биде толку ефикасно како пред четврт век беше Христо Стоичков на Светското првенство. Со Премиер, кој би можел да заплаши не еден тракиски воин, ќе се справите! „, изјави во поздравниот говор, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO