Поранешниот премиер Никола Груевски успеа да го дебугаризира ВМРО. Бугарите извршија бројни злосторства за време на Првата и Втората светска војна.

Тоа го кажа српскиот историчар Александар Раковиќ за Спутник. „Научникот“ направи навредливи обвинувања против Македонската црква и нејзините архиепископи нарекувајќи ги „глупаци“. Тој тврди дека „само и единствено српската црква може да биде Црква-мајка на Македонската и во никој случај Бугарската Црква“.

Според него, многу јасен бил фактот што пред извесно време Армијата на САД со опрема во Македонија влегла од Бугарија. „Зошто не влезе од Грција? Таму исто така има американски војници, но очигледно се бара друг вид порака“, рече уште тој со раздразлив тон.

„Откако Никола Груевски успеа да го дебугаризира ВМРО по промената на власта во Македонија гледаме дека овие структури почнаа повторно да креваат глава преку СДСМ и Македонската православна црква. Очигледно тоа станува и преку невладини организации „, рече уште тој и упати груби напади против игуменот на Бигорски манастир, кој ги откри извршените злосторства од српскиот режим во Македонија, вклучително и во црковните кругови. „Зошто зборува за српските злосторства, кој му го дава тоа право. Зошто молчат од Македонската православна црква? Зошто не се разграничат од него? Очигледно и таму е влезена бугарската рака? Зошто молчи архиепископот Стефан“.

Тоа беа само дел од „научните тврдења“ на Александар Раковиќ и премина кон напади против Црногорската црква, која ја опиша како „циркуска црква“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO