Веќе неколку дни фановите на Селин Дион се загрижени и се прашуваат што се случува со неа. Поради здравствената состојба пејачката беше принудена да ги откаже последните концерти во „Сизр палас“ во Лас Вегас.

Уште во почетокот на седмицата таа вети наскоро да се врати на сцената. Но повторно нејзините фанови беа разочарани откако на страницата на Фејсбук го прочитаа соопштението: „Се отажува спектаклот од оваа вечер. За жал ве известиме дека спектаклот на Селин од оваа вечер е откажан. Селин доби наредба од својот лекар да се одмора“ .

За огромна жал и против својата волја пејачката од Квебек мораше да се откаже од изведувачките манифестации. Принципиелно таа требаше да излезе пред публиката утре вечер, ако се чувствува подобро.

Се очекува во недела Селин Дион да оддаде почит на својот сопруг Рене Анџели. Менаџерот на пејачката и мажот на нејзиниот живот почина од рак на грлото на 14 јануари 2014 година потоа Селин Дион се повлече за неколку недели и падна во жалост заедно со тројцата синови Рене Чарлс, Нелсон и Еди. И покрај болката од загубата, дивата успеа да се совземе и направи две европски турнеи, по што се врати на сцената во Лас Вегас.

Токму во Париз почна да се шушука за љубовна врска помеѓу неа и нејзиниот танчер Пепе Муњос. Но, во интервју за „Gala“ тој рече дека двајцата со Селин се многу добри пријатели и дека многу се забавувале со овие гласини.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO