Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров имале денес средба во Солун, на која се договориле да имаат подиректна улога во преговорите за надминување на проблемите во спорот за името.

„Средбата се одржа во рамките на повторно воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, чија цел е зголемување на транспарентноста и взаемната доверба. На средбата министрите одржаа добар разговор, насочен кон поттикнување на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзан со континуираните мерки за градење на доверба „, соопштија од македонското МНР.

Коѕијас и Димитров изразиле заедничко очекување дека на претстојниот самит на 17 јануари посредникот Метју Нимиц ќе стави на масата рамка за преговори, која суштински ќе се развие во надминување на разликите за името.

„Двајцата министри разговараа за методологијата, за пристапот на двете земји, како и за рамката на процесот за надминување на разликата за името, и се согласија да имаат директна улога во преговорите за надминување на разликата околу името“, се вели во соопштението, во кое исто така се вели дека разговарале за мерките за градење на доверба и разговарале за други прашања пред следните политички средби на високо ниво меѓу двете земји.

Средбата, според грчкитете медиуми, се одржала во ʺМакедонија паласʺ во центарот на Солун со целосна тајност и силни безбедносни мерки.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO