Оклахома Сити Тендер претрпе пораз на домашен терен од Портланд Трејл Блејзерс со 106: 117 во дуел од НБА. Си Џеј Маккалам беше со најголем учинок за успехот на гостите со 27 поени.

За „громовите“ Расел Вестбрук заврши со 22 поени, 12 асистенции и 9 скокови. Оваа победа стана трета последователна за Трејл Блејзерс.

Мајами Хит пак го победи Торонто со 90:89 во Канада со прецизен шут на Вејн Елингтон 0,3 секунди пред финалната сирена. Елингтон постигна вкупно 15 поени во натпреварот, а Горан Драгиќ постигна 24 поени и 12 скокови. Демар Дероузен постигна 25 поени за Торонто. Мајами веќе е во серија од пет победи, а канадскиот тим допушти прв пораз во последните шест средби. Во други дуели од НБА Лос Анџелес Лејкерс се наметна над Сакраменто Кингс со 99:86, а Далас Маверикс го победи Орландо Меџик со 114: 99.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO