Дејвид Бекам пушта свој бренд на козметика. Тоа е резултат на соработката на ѕвездата со L’Oreal Luxe.

Брендот ќе се вика House 99: “ House“ значи заедница на љубители на негувањето, а „99“ е годината на свадбата на Дејвид и Викторија Бекам и раѓањето на нивниот син Бруклин.

Првата серија ќе содржи балсам за брада, навлажнувачки креми, стилизирачка помада и др.

„Јас ја создадов House 99 за да им дадам на луѓето инспирација, простор и материјал за експерименти со стилот. House 99 ќе ги поддржи мажите и ќе им даде алатка за да создадат иззглед кон кој тие се стремат. Добредојдовте во клубот! „, кажа Бекам.

Стилот на Давид одамна е копиран, така што создавањето на сопствен бренд е логично продолжение.

House 99 ќе биде пуштена во продажба во Велика Британија во февруари, а во САД и уште 19 држави во март.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO