За негаторскиот однос на СПЦ кон МПЦ–ОА, во чија основа стои чисто политичка, а не еклисиолошка причина, наоѓаме докази и во извештај на ЦИА од 07.03.1947 година. Во овој извештај кој основно се осврнува на  враќањето на српскиот Патријарх Гаврило во Белград, во вториот параграф се опишува неговиот личен став кон тенденциите за создавање на автономна Македонска црква.

ТАТКОВИНА, интрегално ви ги претставува првите два параграфа од извештајот на ЦИА:

  1. Враќањето на Патријархот Гаврило во Белград беше забрзано од неговиот страв од можноста дека Светиот синод ќе избере нов Патријарх фаворит на режимот на Тито. По неговото враќање во Белград, без помпензности, тој веднаш отиде во неговатарезиденција каде Метрополитот Јосипму даде овластувања. Меѓу првите кои му се јавија на Патријархот беше Влада Зечевиќ, поранешен православен свештеник и сега министер во сојузната влада на Србија, со делегација на православни свештеници кои се приклучија на режимот на Тито. За време на повикот, Метрополитот Јосип ги брифирал за моменталниот статус на Православната црква.
  2. Меѓу другите кои гоповикале Патријархот беше делагација од Македонската православна црква која бара автономија за нивната црква. Во одбивањето на барањето на делегацијата, Гаврило изјавил дека додека тој се прашува, не постои такво нешто како Македонски народ; затоа, неможе да има автономна Македонска црква.
  3. Коментар: во врска со ова, треба да се нагласи дека Метрополитот Јосип едно време бил Метрополит на Скопје (Македонија) и е протеран од Бугарите за време нивната окупација на Македонија во 1941. Нему не му беше дозволено од режимот на Тито да се врати на негововата поранешна позиција.

Извештаjот на ЦИА од 07.03.1947 во оригинал може да го погледнете тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO