Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола ја разгледува можноста да го привлече централниот дефанзивец на Јувентус Џорџо Киелини, соопшти „Тутоспорт“. Според италијанското издание „граѓаните“ ќе се обидат да го донесат искусниот дефанзивец уште во текот на зимата, за да ги зајакнат своите позиции во одбрана. Меѓу споменувате имиња за трансфер на „Етихад“ се уште и тие на Џони Еванс (Вест Бромвич) и Хари Мегваер (Лестер).

Инаку во изминатото лето Киелини беше поврзуван со преминување во друг англиски тим – оној на шампионот Челзи, но на крајот остана во Торино. Сепак, договорот на 33-годишниот фудбалер истекува по крајот на сезоната и не е исклучено од раководството на „бјанконерите“ да ислушаат понуди за него, за да ја избегнат можноста тој да напушти во летото како слободен агент.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO