Претседателот на Франција Емануел Макрон кој е во четиридневна посета на Кина, ќе му подари на претседателот на Кинеската народна република Си Дзинпин коњ, соопшти на брифинг портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лу Кан.

„Во моментов Макрон е во Сиан (административен центар на северозападната провинција Шанси) и денес попладне ќе пристигне во Пекинг, каде што започнува државната посета … Тој ќе му предаде на Си Дзинпин коњ како подарок, за што и изразуваме благодарност на Франција“, рече дипломатот .

Макрон ќе разговара со кинеското раководство за стратешкото партнерство на Франција со Кина, нуклеарното прашање со КНДР, борбата против финансирањето на тероризмот и глобалното затоплување.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO