Ливерпул се обидел да го задржи Филипе Коутоњо до крајот на сезоната и да и плати на Барселона наем, но каталонците одговориле со категорично одбивање, соопштува шпанскиот АС.

За време на разговорите, официјалните претставници на Ливерпул предложиле, по остварувањето на трансферот, Коутињо да остане на Енфилд под наем, за да им помогне во плејофите на Лигата на шампионите, но Барса не ја прифатила оваа опција.

Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред сега ќе ги помине медицинските испитувања и потоа ќе биде официјално претставен во Камп Ноу. Шпанскиот гигант ќе плати за него 120 милиони евра плус 40 милиони евра во формата на бонуси.

„Тајмс“ тврди дека Коутињо се согласил да му плати на Ливерпул дел од неговиот трансфер, имено 11,5 милиони фунти (околу 12,94 милиони евра). Неговиот договор со Барселона ќе биде за пет и пол години, а клаузулата за откуп – 400 милиони евра.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO