Поранешниот играч на Ливерпул Филипе Коутињо официјално стави потпис под договор со Барселона и беше претставен на фудбалската јавност. Ова се случи за време на специјалната прес-конференција.

Договорот на бразилскиот репрезентативец со каталонскиот клуб е до летото 2023 година Тој беше потпишан од фудбалерот и претседателот на Барса Хосеп Марија Бартомеу.

Претходно денеска стана познато дека Коутињо нема да може да дебитира за тимот во наредните три недели поради проблем во бедрото. Тоа открија деталните медицински истражувања, на кои Бразилецот беше подложен.

Лекарите откриле повреда, за која ќе бидат потребни околу 20 дена опоравување. Според шпанските медиуми, во штабот на Барселона биле запознаени со овој факт уште пред потпишувањето на договорот и денешните резултати не ги изненадиле. Шпанскиот клуб ќе му плати на бразилецот 160 милиони евра заедно со бонусите.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO