Во неделата вечер (понеделник наутро Европско време) во Лос Анџелес на специјалната церемонија беа доделени наградите „Златен глобус“ и „Телевизиски награди“. Церемонијата се одржа по 75-ти пат.

Во неделата вечер со престижната американска награда за кино и телевизија „Златен глобус“ беше одликуван филмот „Три билборди надвор од градот“ со оригинално наслов Three Billboards Outside Ebbing, Missouri.

„Три билборди надвор од градот“ е на Британецот Мартин Макдона.

Минути претходно, Макдона ја доби наградата за најдобра режија. Сем Роквел бил награден за неговата улога во истиот филм.

Годишната церемонија во неделата вечерта во Лос Анџелес, Калифорнија се одржи за 75-ти пат.

Еве листа на некои од победниците:

Најдобар филм (драма) стана „Три билборди надвор од градот“.
Најдобар во категоријата комедија / мјузикл е Lady Bird.
Најдобар режисер е Гилермо дел Торо за „Обликот на водата“.
Најдобар актер е Гери Олдман за неговата улога во „Најтемниот час“.
Најдобрата драмска актерка е Френсис МекДормак за нејзината улога во „Три билборди надвор од градот“.
Најдобар актер во мјузикл или комедија е Џејмс Франко од The Disaster Artist.
Најдобра актерка од мјузиклот или комедија е Сирса Ронан во Lady Bird.
Најдобар актер – Сем Роквел од „Три билборди надвор од градот“.
Најдобра споредна улога ја направи Елисон Џени во „Јас, Тоња“.
Најдобро сценарио Мартин Макдона на „Три билборди надвор од градот“.
Најдобра анимација е „Тајната на Коко“.
Најдобар филм на странски јазик е германскиот „Aus dem Nichts“ на турскиот Германец Фатих Акин.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO