Извештај на ЦИА од 29 август 1952 година, делумно се занимава и со обидите за создавање одделна Македонска православна црква во времето на титова Југославија, како и за црковните и политичките настроенија на местното население и ВМРО за време на 30-годишното владение на Династијата Караѓорѓевиќ.

ТАТКОВИНА во целост ви ги публикува деловите кои се однесуваат на Македонија:

– Од анектирањето на Македонија кон Југославија и инкорпорирањето на нејзината црква во Српската православна црква во 1913 година, локалните Православци сакаа да воспостават своја одделна Православна црква независна од Белград, со Бугарски и не Српски како црковен јазик. За време на 30-годишното владение на Династијата Караѓорѓевиќ, која ја претставуваше српската доминација и централизам,желбите на Македонците воглавно беа игнорирани. Владата на Тито, претставувајќи комунистички антирелигиозен централизам, го сметаше единството на Српската православна црква како неповолно за режимот. Поради ова, Тито ја презеде каузата на одделна Македонска црква со цел да ја ослаби Српската православна црква и да и попречи на нејзиниот отпор против неговиот режим преку создавање тешкотии за неа.

– ВМРО (Внатрешна Македонска Револуционерна Организација) илегална организација која поддржува обединување на Македонија со Бугарија, самата не се интересираше во црковни прашања до 1945 година. Одтогаш, стана еден од најсилните поддржувачи на независна, автономна Македонска православна црква. ВМРО инфилтрираше свои членови во редовите на титовите комунисти во Македонија со инструкции да го зајакне создавањето на посебна Македонска црква. Македонците, посебно бугарското малцинство, сакаа да создадат независна Архиепископија во Охрид, Свет македонски синод. И, најважно, да користат Бугарски како јазик на нивната црква, наместо Српски. Овие барања станаа посилни за време на режимот на Тито (кој го забрзуваше македонскиот црковен сепаратизам, но се бореше против македонските напори за обединување со Бугарија) „го покани“ Метрополитот Јосиф Цвијиќ во Белград и не му дозволи да се врати на неговиот трон во Скопје. Ова е затоа што Метрополитот Цвијиќ не е само експонент на црковниот сепаратизам, туку исто така и  заштитник на македонски сепаратизам.

– Српската православна црква, под водство на Патријархот Викентије Проданов, се обидува да го спречи создавањето на независна, автономна Македонска црква. Патријархот Викентије, кој не ја ужива целосната поддршка на југословенскиот режим за ова прашање, морал да прифати во принцип помали административни концесии, но главно тој цврсто го одбил македонскиот обид за отцепување. Имајќи предвид дека македонскиот сепаратизам оди рака под рака со национална сецесија, режимот на Тито не им ја дава целата поддршка и дозволува Македонска црква да остане сон за Македонците. Од друга страна, режимот на Тито им дозволува на Македонците отворено да играат со оваа идеја до ниво на правење сериозни потешкотии за Српската равославна црква чија сила и влијание врз Српскиот народ по секоја цена сака да го скрши.

Извештајот на ЦИА во оригинал може да го погледнете тука.

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO