Реткиот автомобил Volvo 262C, сопственост на британскиот музичар Дејвид Боуви, беше продаден на аукција во Швајцарија на 3 пати повисока цена од почетната вредност.

Како што соопштија од сајтот „Локал“, купувачот, чие име не се споменува, платил за колата рекордни 212,8 илјади швајцарски франци при првична проценета вредност од 65 – 75 илјади франци.

Автомобилот „Волво“ сопственост на Боуви, произведен во 1981 година е последниот останат модел од оваа серија.

Според информацијата на аукциската куќа, големиот исполнителго користел автомобилот до 1998 година, а за овој период возилото изминало едвај 53 илјади километри.

ТАТКОВИНА потсетува дека Дејвид Боуви почина во јануари 2016 година на 69-годишна возраст од рак на црниот дроб. Во својата кариера тој има продадено повеќе од 136 милиони записи и е дел од десеттемината најуспешни уметници во историјата на британската популарна музика.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO