Она што е важно е дека Бугарската Православна Црква ја прифати протегнатата рака од нашите собраќа Македонија за да ги застапуваме нивните интереси пред другите православни цркви.

Бугарската страна треба да биде водечка во разрешувањето на проблемот со статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Почетоците се поставени, а сега е многу важна црковната дипломатија. Таа, не секогаш е јавна, што е добро бидејќи некои работи треба да бидат проговорени по еден конфиденциален редослед со другите цркви. Водечката улога на Бугарија во решавањето на ова црковно прашање е добро оправдана од нашата историска и културна врска со Македонија – нашата заедничка историја во однос на Охридската архиепископија и Егзархијата.

Тука е одговорноста на нашите архиереи, Бугарската Православна Црква, на најдобар начин да ги заштитиме нашите сонародници и да им помогнеме. Како Влада и Бугарија како држава има одговорност да и помогне на Република Македонија на патот на европската интеграција, да биде добар лобист и ментор на Македонија во овој процес на пристапување, така и во духовната сфера Бугарската православна црква има одговорност да им помогне на македонските собраќа да го регулираат нивниот статус.

Знаеме многу добро од каде доаѓаат тешкотиите, историјата и идеологијата што нè раздвоија. Српската православна црква ги има своите аспирации и амбиции, кои датираат уште од времето на српската окупација на Македонија од пред Втората светска војна / 1939-1945 година / и потоа за време на режимот на Тито во Југославија.

Се наоѓаме во нов преломен историски момент да ги надминеме напластените од минатото поделби, но не преку војни, спротивставување и говор на омраза, а обратно преку подадена рака, помош, споделување на нашето искуство во текот на пристапниот процес, за да може Македонија да стане колку што е можно побрзо дел од НАТО и ЕУ и да се вклопи во евроатлантската архитектура. Ова, од своја страна и гарантира безбедност, просперитет и економски развој на Република Македонија и нејзините граѓани.

Недостатокот на транспортни врски помеѓу Бугарија и Република Македонија е многу болно прашање. Немаме железнички и воздушни врски, патот не е добар, недостасува автопат. Коридорот 8 е наш приоритет. Ние се стремиме да ги привлечеме европските и глобалните ресурси за реализација на овие проекти. Таков добар пример беше средбата со Светската банка во Софија на почетокот на декември. Таму стана збор за средства што може да се обезбедат под добри услови за завршување на железничката пруга на македонска територија. Се надевам дека ќе се случи. Нема поврзаност, нема патишта, нема просперитет. Градењето на автопатот меѓу двете земји е многу важно за нашите економии, како и за односите меѓу луѓето. Колку луѓе од Македонија работат и живеат во Софија и на Црно Море. Бугарија станува интересна земја за нив. Таа излегува напред – над 100 милијарди лева БДП, член на ЕУ и НАТО – многу луѓе од Македонија, особено младите, се преориентираат наместо кон Србија, тие гледаат кон Софија. Ова е многу добро. Истото важи и за Бугарите од Молдавија и Украина, кои сакаат да дојдат во Бугарија и да студираат на нашите универзитети, за да најдат перспектива во Бугарија. Ова е исклучително добар тренд што треба да го мотивираме и да го охрабруваме. Бугарските универзитети треба да продолжат да ги примаат нашите сонародници од бугарските историски заедници надвор од земјата во многу поголем број. Треба да создадеме добри услови за да започнат нов живот во нивната стара татковина.

Бугарија не само што треба да продолжи, туку и да ја продлабочи својата политика и секој наш сонародник со докажани бугарски корени да добие бугарски пасош. Тоа би било добро да стане без долги процедури, со пократки рокови, но во согласност со законите. Ова им го должиме на сите бугарски заедници кои останаа од една или друга причина – неправеден договор, војна итн. – надвор од границите на денешна Бугарија. Тоа се Бугарите од Србија, Албанија, Косово, Молдавија, Македонија, Украина, Турција и други.

Не се сеќавам на Бугарија да дала изјава за безусловна поддршка за Србија и нејзиното членство во ЕУ. Се разбира при почитувањето на критериумите при почитување на сите права на бугарските сонародници кои живеат во Западните Покраини само тогаш Србите можат да станат полноправна членка на ЕУ.

Тука е многу интересно дека централната влада во Белград ги кажува правилните нешта, во законодавството во однос на малцинставата е добро. Но постои инерција во минатото, особено во оние оддалечени реони од Белград, како што е случајот со Западните Покраини. Таму локалните велможи со старите структури од минатото продолжуваат со инертноста на погазувањето на правата и ограничување на можноста за пројавување на нашите сонародници на секаков начин. Многу често ова се случува на прикриен начин, не се мотивираат родителите да ги запишат бугарчињата во бугарски паралелки. Со децении продолжува сагата со учебниците преведени на бугарски јазик. Конечно, тие беа преведени, но тие беа во исклучително мал број – тираж од 35 – 40 парчиња. Цинично е да се напечатат 30 учебници за одредени предмети. Ова значи дека се очекува помалку од една паралелка да има во овие училишта.

Инерцијата од Титова Југославија е замрзната во пограничните региони на Србија, вклучително и во Западните Покраини. Нашиот КИЦ во Босилеград се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ … Чудно е исто кога Општинскиот совет на Димитровград на трипати испраќа писмо до Министерството за администрација во Белград со барање за обновување на историското име Цариброд, да нема никаков одговор и да не се сообразуваат со тоа гледиште. И тоа не е мислењето или барањето на Софија, туку на локалните жители. Кога го поддржав во Европскиот парламент нивното барање за враќање на историското име на градот, тогашниот премиер Александар Вучиќ ме обвини дека се мешам во српските внатрешни работи. Не сакам ни да го спомнам сегашното име на Цариброд, бидејќи градот е именуван по една темна личност која носи вина за нашата национална кауза и идентитет како Бугари, а исто така е виновен за масовните убиства на бугарската елита по 1944 година

Оној кој е економски добро, привлекува и инвестиции и луѓе. Тој е посилен, а другите се интегрирани околу него. Тоа не е клише кога велиме дека ЕУ води до позитивни промени во земјата која ќе се присоедини кон неа. Ова, иако бавно, се случува и во Бугарија. Таа во моментов е попривлечна од Србија. ЕУ има заслуги за ова. Историски се случи дека Бугарија е поголемата земја од Србија. Ние не ја востановуваме историската правда за да се натпреваруваме со Србија, но тоа го правиме затоа што тоа е единствената цивилизирана алатка за надминување на проблемите на нашиот регион. Ние мора да инвестираме во просперитетот на населението од двете страни на границата. Нашата

цел не е да поттикнеме омраза кон Србија или било кој од нашите соседи, бидејќи ќе не вратиме кон стари конфликти кои не се во интерес на никого.

 


Андреј Ковачев, европратеник од ГЕРБ и ЕНП. Анализата е направена ексклузивно за Агенцијата БГНЕС.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO