Бразилската државна нафтена компанија Petrobras, се согласи да плати 2,95 милијарди долари како обештетување согласно колективно барање на странски инвеститори, кое беше прифатено во САД во 2014 година.

Информацијата за постигнатата вонсудска спогодба беше распостранета од енергетскиот гигант.

Во 2004 година, група странски инвеститори поднесоа барање до бразилската компанија за да добијат обештетување во врска со големиот пад на вредноста на акциите на Petrobras поради корупцискиот скандал во компанијата.

И покрај договорената помош од бразилскиот нафтен гигант од 2.9 милијарди долари, таа не признава грешка, туку едноставно „сака да стави крај на неизвесностите и трошоците поврзани со справувањето со колективното барање“.

Парите ќе бидат исплатени во три транши – две по 983 и една од 984 милиони долари. Целокупниот износ ќе се исплати до 15 јануари 2019 година.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO