Дел од обиколницата, недалеку од кинескиот град Жинан, се здоби со таканаречен „прозрачен бетон“. Под него се поставени соларни панели.

Еден километар или 5875 квадратни метри покриваат соларните панели, кои годишно ќе произведуваат еден милион киловат часа електрична енергија. Ова е доволно за да се задоволи потрошувачката на 800 домаќинства. Електричната енергија од панелите исто така ќе се користи за осветлување на автопатот и тунелите, камерите како и патарините. Предвидено е во иднина „соларните автопатишта“ да се користат за полнење на електричните возила во движење и за интернет конекција.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO